Connect with us

Ракомет

Лесна победа за ЖРК Вардар против Пелистер

ЖРК Вардар иако играше безнеколку стандардни ракометарки,  немаше проблеми да ги освои бодовите на дуелот со Пелистер во домашната женска лига. Црвено-црните вчеравечер триумфира со 46:13 (25:7).

Најефикасна беше Алехандра Лакрабер со 11 погодоци.

Тренерот на Вардар Ирина Дибирова реши да ги одмора најдобрите, Пенезиќ, Лекиќ, Цвијиќ, Лејно, Радичевиќ и Лазовиќ, но, и оние што играа покажаа одлична форма.

На табелата лидер е Вардар со 12 бодови, пред Вардар Јуниор со 10, Металург, Пелистер и Куманови имаат по 9, Гевгелија 4, Овче Поле 3, Деспина 0