Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Федерер ја освои 20. Гренд слем титула

Роџер Федерер ја освои јубилејната 20.Гренд слем титула. Во финалето на Австралија опен, Швајцарецот го победи Марин Чилиќ 3:2 (6:2, 6:7, 6:3, 3:6, 6:1). Федерер шести пат во кариерата го подигна пехарот во Мелбурн и на вечната листа се израмни со Рој Емерсон и Новак Ѓоковиќ.

Федерер, во фналето, одлично сервираше, забележа 24 ас сервиси, а освои 80 отсто од поените на прв сервис. Швајцарецот имаше четири винери помалку од Чилиќ (41-45), но Хрваот имаше 24 неизнудени грешки повеќе.

Единствениот пад во играта на Федерер му се случи во четвртиот сет кога имаше водство 3:2, но Чилиќ со четири гема во низа го освои сетот.

Федерер ја одбрани титулата во Мелбурн на импресивен начин, а во финалето ги загуби два сета, откако претходно со максимални 3-0 ги победи Бедена, Штруф, Гаске, Фучович, Бердих и Чунг.