Connect with us

Други спортови

Федерер-Чилиќ финале на Австралија Опен

Швајцарскиот тенисер, Роџер Федерер, ќе ја брани титулата освоена минатата година на Австралија опен.

Швајцарецот, утринава го потврди својот пласман во финалето на првиот овосезонски Гренд-слем турнир, откако неговиот противник Хјион Чунг од Јужна Кореја поради повреда го предаде мечот во вториот сет.

Федерер експресно го доби првиот сет, препуштајќи ми на противникот само еден гем, односно со 6-1. Во вториот беа одиграни седум гема, а Чунг при водство на Федерер од 5-2, принудно се повлече од мечот.

Со тоа Роџер Федерер се пласира во своето седмо финале на Австралија опен, каде досега има освоено пет трофеи, а единствениот пораз е оној од Надал во 2009 година,кога по речиси четири часа игра го загуби мечот со 3-2.

Во финалето закажано за во недела, Федерер ќе игра против Хрватот, Марин Чичиќ.